Дома Фудбал Останато Агентот на Кавани: Италија е неговиот дом

Агентот на Кавани: Италија е неговиот дом

cavani

Иако во ПСЖ му оди одлично и освојува трофеи, Едисон Кавани сака назад во Италија.

Агентот на Кавани, Џилемоне во интервју за „Калчо Наполи24“ истакна дека неговиот клиент има желба да се врати под Везув.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Во овој момент тој е целосно фокусиран на ПСЖ, но враќање во Наполи е идеја од која не се откажа уште од моментот од кога замине. Италија е неговиот дом. Но во овој момент тоа не е реално, но во фудбалот се е можно“.

„Иако имаше проблеми тој е задоволен од тоа како сега се одвива неговата кариера. Неговиот тим блеска во првенството и Лигата на шампионите и се радува што ќе има можност да настапува за Ургувај на Мундијалот во Русија“, изјави Џилемоне.

Да потсетиме, Едисон Кавани помина три години во Наполи и во тој период освои еден трофеј во италијанскиот куп и за овој клуб на 138 натпревари постигна 104 погодоци.

ПСЖ го доведе во 2013 година за 64 милиони евра и до сега освои 15 титули со „светците“.

Во продолжение погледнете дел погодоците на Кавани во дресот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната ист…