Агентот на Жоржињо откри дека Италијанецот би можел да го напушти Челзи на лето и откри дека имал контакти со три европски гиганти.
Италијанецот има договор со „сините“ до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката за во застој.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жоржињо во 2018 година од Наполи се пресели во Челзи за 50 милиони фунти, а сега сака да се врати во Италија.
„Негова желба е повторно да игра во Серија А. Во минатото имав контакти со ПСЖ, Барселона и Фредерик Масара од Милан. Во добри односи сум со Масара кој е директор во Милан, но незнам дали „росонерите“ се уште го сакаат. Реалноста е дека сега не може да се направи ништо поради ситуацијата во која се наоѓа Челзи“, изјави агентот на Жоржињо.