Дома Трансфер зона Агентот на Бернардески: Разговарав со Барселона, разменивме некои идеи

Агентот на Бернардески: Разговарав со Барселона, разменивме некои идеи

Бепе Боцо, агентот на фудбалерот на Јувентус Федерико Бернардески откри дека разговара лсо Барселона, но дека неговиот клиент не сака да ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста дека италијанскиот играч за врска би можел да се пресели во Каталонија се појави уште во јануарскиот преоден рок, тогаш се шпекулираше за трампа на двата клуба во која Јувентус би го добил Иван Ракитиќ. Сепак, не се случи ништо конкретно.

„Официјално не сум преговарал со никој. Меѓутоа вистина е дека водевме разговори со Барселона, но тоа повеќе беа размени на некои идеи. Федерико го лутат приказните дека ќе го напушти Јувентус, тој тоа нема намера да го направи“, истакна Боцо.

Бернардески во Торино пристигна во јули 2017 година од Фиорентина за 40 милиони евра. До овој момент одигра 94 натпревари, постигна 9 гола и додаде 12 асистенции.

Неговиот договор со Јувентус истекува во 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…