Дома Фудбал Италија Агентот ги демантира шпекуалциите: Милан е задоволен од Бакајоко!

Агентот ги демантира шпекуалциите: Милан е задоволен од Бакајоко!

Италијанските медиуми вчера излегоа со информација дека Милан не е задоволен од Тиму Бакајоко и дека би можеле да се разделат со играчот во зимскиот преоден рок.

Бакајоко ова лето пристигна на позајмица од Челзи, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ не се задоволни од Французинот и дека би можеле да ја прекинат позајмицата во јануари.

Меѓутоа, денес агентот на Бакајоко категорично ги демантираше таквите шпекуалции.

„Бакајоко е среќен во Милан и клубот е задоволен од него. Знаевме дека ќе му биде потребно време за да се адаптира на италијанскиот фудбал, но сите во Милан веруваат во него. Шпекулациите за негово враќање во Челзи во јануари се апсолутна невистина“, изјави агентот за италијанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борнмут не го продава Алекс Скот во јануари

Борнмут нема намера да го продаде Алекс Скот во јануари, и покрај интересот од големи клуб…