Дома Трансфер зона Агентот: Бензема нема да замине од Реал!

Агентот: Бензема нема да замине од Реал!

Францускиот напаѓач Карим Бензема нема намера да го напушти Реал Мадрид, потврди неговиот агенет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време се повеќе се шпекулира со иднината на Бензема. Францускиот напаѓач наводно на маса има понуда од Арсенал, но неговиот агент тврди дека нема намера да го напушти Реал Мадрид.

„Бензема е многу среќен во Реал. Минатиот месец го продолжи договорот и очигледно дека нема намера да замине од клубот“, потврди агентот на напаѓачот.

Бензема минатиот месец го продолжи договорот со „кралевите“ до 2021 година, па доколку го испочитува до крај ќе има полни 33 година, што значи дека многу е многу веројатно кариерата да ја заврши на „Сантиаго Бернабеу“.

Од друга страна шпанските медиуми шпекулираат дека Перез на лето ќе прави целосна реконструкција на тимот и на Бензема ќе му биде отворена излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…