Австралиската фудбалска репрезентација е првата селекција која учествува, а која јавно се побуни поради кршењето на човековите права во Катар, земјата домаќин.
Членовите на оваа репрезентација објавија видео во кое зборуваат за тоа како се третираат работниците, мигрантите и припадниците на ЛГБТ популацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во видеото учествуваат вкупно 16 играчи, меѓу кои и капитенот Мет Рајан и Алекс Вилкинсон, кој е и претседател на австралискиот сојуз на професионални фудбалери.
„Решавањето на овие прашања не е лесно и ги немаме сите одговори. Ни см со FIFPro, Меѓународната организација на работниците во градежништвото и дрвната индустрија и Меѓународната конфедерација на синдикати, кои се стремат да спроведат реформи и да воспостават трајно наследство во Катар. “, изјави фудбалерот.
„Ова мора да вклучува формирање центри за мигранти, ефикасен лек за обесправените и декриминализација на сите истополови врски. Тоа се основните човекови права што треба да им се дадат на сите и ќе обезбедат континуиран напредок во Катар и наследство што оди многу подалеку од последниот натпревар на Светското првенство во 2022 година“, велат репрезентативците.
Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, а Австралија ќе го отвори турнирот на 22 ноември со мечот против Франција. Во второто коло Австралија четири дена подоцна ќе игра против Тунис, а групната фаза ќе ја заврши со мечот против Данска на 30 ноември.
A message from the Socceroos. pic.twitter.com/Sd2R6ej8kK
— Socceroos (@Socceroos) October 26, 2022