Дома Македонски спорт Мак ракомет Абутовиќ: Скопје е мој втор дом, скокав пред телевизорот кога момците го освoија Келн (ВИДЕО)

Абутовиќ: Скопје е мој втор дом, скокав пред телевизорот кога момците го освoија Келн (ВИДЕО)

Илија Абутовиќ беше следен гостин во специјалот на „Балкан Хендбол“ со ракометарите низ светот.

Абутовиќ помеѓу другото во интервјуто зборуваше за перидот поминат во Скопје и Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Поминав седум години таму, најубавите моменти од кариерата ги доживеав во таму, за Скопје ме врзува една силна емоција, за таа сала, за тие луѓе…Седум години не се малку буквално ми е како втор дом“.

Во Вардар дојде во 2011 година.

“Кога дојдов во Вардар тоа беше едно ниво повисоко, но сепак не можев да замислам дека ќе се случи тоа што го направивме пет-шест години подоцна, освојувањето на Лигата на шампионите е еден врв во ракометот“.

За титулата во 2017 година.

“Бевме полни со самодоверба, дишевме сите како еден, знаевме што сакаме. Откако го поминавме Фленсбург имавме две-три недели време се спремавме за фајнл-форот. Кога стигнавме до финалето едноставно бев убеден дека ќе победиме“.

За сегашната ситуација во Вардар.

“Следам се што се случува со Вардар, се слушам со луѓето во клубот и играчите знам дека ситуацијата е тешка, не знам што ќе се случи, но ситуацијата е тешка. Кога немаш редовни примања, тешко е да функционираш и да живееш и да тренираш. Ја би сакал Сергеј, да остане и да реши се, па Вардар пак да биде на исто ниво“.

“Многу емотивно ја доживеав титулата на Вардар минатата година. Исто како да бев таму на теренот, скокав пред телевизорот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот …