27-годишниот Велшанец би можел на крајот на сезоната да го напушти Арсенал и да се пресели во редовите на лутиот ривал, и тоа во екипата на Челзи.
Според пишувањето на „Mirror“, Челзи планира на крајот од сезоната да го доведе одличниот играч за врска, кој оваа сезона е еден од најдобрите во тимот на Арсенал. Станува збор за Рамзи, чиј договор е во завршна фаза, а и самиот изјави дека нема никаков напредок околу потпишувањето на новиот договор, што секако го привлече вниманието на „Сините“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот на Арсенал вложи многу во развојот на Рамзи и нема сомнеж дека би било голема штета доколку го напушти клубот во кој е од мали нозе, а оваа сезона игра одлично. Рамзи има многу проблеми со повредите. Во моментов изгледа дека се враќа на добриот пат, тоа го потврди хет-трикот против Евертон во февруари, но и одличните игри во двата натпревари против Милан во Лигата на Европа.
Челзи веќе купуваше од Арсенал оваа зима, го купија напаѓачот Жиру. Челзи нема никакви шанси да ја освои титулата во Англија, а испаднаа и од Лигата на Шампионите. Токму поради тоа се очекува голема реконструкција и нема сомнеж дека Роман Абрамовиќ ќе вложи многу за да добие одлична екипа.
Chelsea eye ANOTHER transfer raid on Arsenal as Aaron Ramsey’s contract approaches final yearhttps://t.co/SQPodm8qWf pic.twitter.com/eT3NTFJlvN
— Mirror Football (@MirrorFootball) March 16, 2018