Спортскиот директор Ерик Абидал за „Диарио Спорт“ зборуваше за проблеите со кои се соочи во последно време.
Абидал имаше конфликт со првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси кој му замери што јавно кажа дека играчите на тимот биле одговорни за смената на Валверде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот преку социјалните мрежи му порача на Абидал да ги именува играчите или да ги повлече зборовите. Исто така, додаде дека и тој мора да прифати одговорност.
Ситуацијата се уште во целост не се смирила, а Абидал порача дека научил една работа, а тоа е дека работите во клубот треба да се решаваат во соблекувалната, не преку медиумите.
„Научив една важна работа – проблемите се решаваат во соблекувалната, а не во медиумите“, изјави Валверде.
Потоа зборуваше за смената на Валверде.
„Во клубот постоеше проблем со комуникацијата. Односнот помеѓу тренерот и екипата секогаш беше добар, но постоеа работи кои јас како поранешен фудбалер можев да ги почувствувам. Јас го кажав моето мислење и донесовме одлука да го смениме Валверде“, откри Абидал.