Дома Фудбал Англија Џо Кол ја заврши кариерата

Џо Кол ја заврши кариерата


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Поранешниот фудбалер на Челси и Ливерпул, Џо Кол одлучи да ја заврши играчката кариера.

Иако љубителите на фудбалот добро знаат кој е Џо, впечаток е дека од својот талент можеше да направи далеку поголема кариера иако играше за клубови како Челси и Ливерпул и три пати ја има освоено ПЛ.

Ќе остане запаметен пред се по одличните игри во дресот на Челси, каде своевремено беше еден од најдобрите светски крилни играчи.

Во Челси помина седум години, а подоцна играше уште за Ливерпул, Лил, Вест Хем и Астон Вила.

Во дресот на англиската репрезентација одигра 56 натпревари и постигна 10 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаверц призна дека го викаат магаре и откри зошто

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Ѕвездата на…