Дома Фудбал Џордан Хендерсон е фудбалер на годината во Англија

Џордан Хендерсон е фудбалер на годината во Англија

Капитенот на Ливерпул, Џорда Хендерсон беше избран за фудбалер на годината во Англија за 2019 година.

29-годишниот играч за врска победи во трката за Рахим Стерлинг од Манчестер Сити и Хари Кејн од Тотенхем.

Хендерсон и помогна на Англија да го освои првото место во квалификациите за ЕП. Англичанецот исто така одигра клучна улога во освојувањето на Лигата на шампиони со Ливерпул минатата сезона, а оваа сезона е фантастичен во дресот на „црвените“.

„За мене е чест да бидам фудбалер на годината во Англија во толку силна конкуренција“, изјави Хендерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…