Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, после завршувањето на фудбалската кариера работи како стручен коментатор во англиските телевизии.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џерард ги коментира натпреварите на „БТ Спорт“ во друштво на своите поранешни соиграчи од репрезентација Мајкл Овен и Рио Фердинанд. Меѓутоа во последното интервју Џерард откри интересна приказна за односнот со колегите од репрезентацијата.
„Додека настапував за Ливерпул во тунелот не можев да ги поднесам Гери Невил и Рио Фердинанд кога игравме против Манчестер Јунајтед. Потоа се случуваше да играме заедно за Англија и признавам дека морав да глумам дека ги сакам, а искрено не можев ниту да ги гледам“.
„Сето тоа исчезна кога ги завршивме кариерите. Нашето пријателство тогаш започна, а претходно тоа беше само лага и нетрпеливост. Сега сме добри пријатели и мило ми е што е така“, изјави Џерард.