Карло Анчелоти вчера беше промовиран за нов тренер на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанецот во претходната сезона го водеше Евертон, па сега тимот од „Гудисон Парк“ ќе биде во потрага по негова замена.
Првата желба на „карамелите“ е легендата на градскиот ривал Ливерпул кој имаше фантастична сезона со Глазгов Ренџерс, со овој тим ја освои титулата во Шкотска.
Прашање е колку Џерард ќе биде заинтересиран за работата во Евертон со оглед на тоа што станува збор за тим кој е голем ривал на Ливерпул каде што тој е една од најголемите клупски легенди.
Англиски „Метро“ сепак пишува дека Џерард во овој момент е фаворит.
Покрај Џерард за можни тренери на Евертон се споменуваат Дејвид Мојс и Паоло Фонсека.