Дома Фудбал Џанлука Ди Марзио објави: Интер почна преговори со Лука Модриќ!

Џанлука Ди Марзио објави: Интер почна преговори со Лука Модриќ!

Интер очигледно не се шегува ова лето и со сите сили се обидува да направи екипа која ќе биде во можност да конкурира за Скудето покрај силниот Јувентус.

Синоќа во Милан пристигна Вршаљко, а се очекува утре да пристигне и Артуро Видал, па и двајцата во еден ден би можеле да станат нови фудбалери на Интер.

Иако има добра екипа бидејќи претходно пристигна и Наинголан, Нероаѕурите сепак немаат намера да застанат, барем ако се верува на познатиот новинар Ди Марзио.

Тој синоќа на Твитер објави дека Интер стапил во контакт со Лука Модриќ и дека хрватскиот репрезентативец наводно нема ништо против тоа. Нормално, Ди Марзио додаде дека скоро невозможно е овој трансфер на крајот да се случи, но ништо не е невозможно.

Да потсетиме, Модриќ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…