За да успеете во фудбалот сепак не е доволно само да го носите презимето Погба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Братот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Матијас поминува се справува со потешкотии во својата кариера.
Матијас игра на позицијата напаѓач, а во кариерата настапуваше за британски нисколигаши како што се Вренхам, Креве, Кревли Таун, а најпознат клуб за кој настапувал секако е шкотскиот Патрик Тистле.
Но, 27 годишниот фудбалер во овој момент е во потрага за нова средина и на тој пат не му оди баш најдобро бидејќи германскиот клуб Уердинг 05 го одбил затоа што го сметале за – предебел.
„Матијас има добро тело за број 9, висок е. Меѓутоа има премногу килограми, во таква состојба не би можел да ни помогне и токму затоа не ја помина пробата“, изјави тренерот на овој клуб за „Билд“.