Дома Фудбал Лига на шампиони Џабе Меси, Нејмар и Мбапе во нападот: ПСЖ не го победи Клуб Бриж 🎥

Џабе Меси, Нејмар и Мбапе во нападот: ПСЖ не го победи Клуб Бриж 🎥

Најголемото изненадување вечерва дефинитивно го приреди Клуб Бриж.

ПСЖ стартуваше со најсилниот напад, Меси, Нејмар, Мбапе, но на крајот „светците“ мораа да се задоволат само со бод. После 15. минути Херера го отвори резултат и водството на ПСЖ беше актуелно се до 27. минута.

Тогаш Ванакен со еден убав гол ги изненади ѕвездите од Париз погодувајќи за 1:1.

До крајот се очекуваше да има промена, ретко кој мислеше дека ПСЖ нема да постигне гол, но на крајот тоа се случи.

Сигурно дека ова реми на Бриж заедно со вчерашната победа на Јанг Бојс се изненадувањата на колото.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Севиља – Валенсија: Големо дерби во Примера

Денес на програмата е вонредното 6-то коло во шпанската Примера, каде најголемо внимание с…