Eкипата на Милан повторно ќе тропне на врата за ангажман на Адриен Рабио, меѓутоа за да се пресели во редовите на „росонерите“ Французинот ќе мора да ги намали своите барања.
Италијанските медиуми најавуваат дека наскоро до Рабио ќе биде испратена новата понуда. Претходно Рабио се поврзуваше со Милан на почетокот на летото, меѓутоа контактот брзо беше прекинат поради високите барања на фудбалерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Јувентус Рабио минатата сезона имаше плата од седум милиони евра по сезона и сега бара слична сума од Милан и останатите заинтересирани клубови. Изгледаше и дека Ливерпул е блиску да го доведе, но ниту тоа не се реализираше.
Медиумите во Италија пренесуваат дека предлогот на Милан е плата од околу 5.5 милиони евра по сезона. Многу веројатн врз одлуката на Рабио влијание ќе има и неговата мајка за која најголем дел јавноста смета и дека е проблемот што Рабио толку време е без клуб.