Дома Фудбал Ќе заврши ли некогаш големото проклетство на Хари Кејн?

Ќе заврши ли некогаш големото проклетство на Хари Кејн?

Англискиот напаѓач, Хари Кејн уште некое време ќе чека на трофеј бидејќи неговата Англија не успеа да слави против Шпанија во финалето.

Шпанија ја совлада Англија со 2:1 и дојде до шампионскиот пехар и по четврти пат стана шампион на Европа. Кејн не беше на нивото, а како играше најдобро говори ситуацијата во 61. минута кога Саутгејт го замени со Воктинс.

За помалку од пола месец англискиот напаѓач ќе наполни 31 година и со оглед на тоа дека се работи врвен голгетер е предолг период.

Во слична ситуација Кејн беше и во 2021 година беа поразени од Италија. Сепак, Кејн ќе има нова прилика за трофеј и со Англија бидејќи би требало да биде во составот на репрезентацијата за Светското првенство во 2026 и Европското во 2028.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повторно заедно по 23 години: Матеус на вечера со хероите на Партизан

Лотар Матеус се сретна со Саша Илиќ, Игор Дуљај и Ивица Илиев во Белград, а спомените од и…