Дома Трансфер зона Њукасл сака да го направи Лингард најплатен во клупската историја

Њукасл сака да го направи Лингард најплатен во клупската историја

Парите за Њукасл нема да бидат проблем и затоа клубот ќе сака да се засили во јануари со цел да избегне испаѓање од Премиер лигата. Џо Кол веќе најави дека според неговите информации Њукасл во зимскиот преоден рок ќе потроши помеѓу 200 и 300 милиони евра.

Сега реномираниот „Тајмс“ пишува дека една од главните желби на Њукасл ќе биде Џеси Лингард и него ќе се обидат да го направат најплатен во клупската историја. Лингард секако е квалитетен фудбалер, но во Манчестер Јунајтед не добива прилика за игра и сезонава настапи само на 11 натпревари и постигна два гола.

Лингард во минатата сезона во вториот дел од полусезоната беше во Вест Хем на позајмица и прикажуваше фантастични настапи. На 16 натпревари за Вест Хем постигна девет голови и подели пет асистенции. Тој е еден од најзаслужниот што Вест Хем игра во Лига Европа оваа сезона.

После таквата полусезона се врати во Манчестер Јунајтед каде што во големата конкуренција на Роналдо, Санчо и Рашфорд не добива прилика да го покаже својот квалитет.

Според информациите од Островот преговорите со Њукасл започнал и се разговара за договор на четири ипол години со одлична плата. Мигел Алмирон во овој момент со плата од 100.000 фунти е најплатениот играч. Во овој момент не е позната сумата која ќе му биде понудена, но сигурно би била поголема од тие 100.000 фунти. Лингард во Манчестер Јунајтед заработува 75.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Би-Би-Си тврди: Јунајтед конечно му дал дозвола на Роналдо да замине

Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Т…