Дома Фудбал Англија Њукасл го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери

Њукасл го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери

Тимот на Њукасл игра одлична сезона во Премиер лигата, а во недела овој тим ќе се обиде да дојде до трофејот во Лига Купот, противник во финалето ќе им биде Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред овој натпревар, Њукасл објави дека договорот го продолжил Мигел Алмирон. Алмирон ја продолжи соработката на 3.5 години. Во Њукасл Алмирон дојде од Атланта и веќе собра 150 натпревари за премиерлигашот.

„Не чека важен натпревар, а колку и да сум среќен за новиот договор, поважно ми е да го прославиме трофејот во недела“, изјави Алмирон.

Финалето од Лига Купот на програмата е во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сврзуваат уште еден англиски репрезентативец со Ливерпул

Ливерпул се интересира за дефанзивецот на Тотенхем Џед Спенс, пишува „Сан“. 25-годишниот с…