Дома Трансфер зона Њукасл ги сака Зуле и Кутињо во јануари

Њукасл ги сака Зуле и Кутињо во јануари

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).

Прва мета е Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од Барселона, па Њукасл ќе се обиде да го донесе уште во јануари. Трансферот би можел да се реализира за 20 милиони фунти, а Кутињо ќе ја добие истата плата која ја заработува на „Камп Ноу“.

Другата трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле.

Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…