Џорџо Киелини веќе 13 години го носи дресот на Јувентус и стекна легендарен статус, а од следната сезона ќе биде и капитен на „бјанконерите“.
Киелини ќе остане во Јувентус најмалку до 2020 година, откако денес италијанските медиуми потврдија дека се е спремно за потпишување нов договор.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Договорот на Киелини истекуваше ова лето, но двете страни брзо најдоа заеднички јазик и ќе ја продолжат „љубовта“ најмалку до 2020 година.
Нов договор ќе добие и Андреа Барзаљи кој ќе остане во Торино до 2019 година, а со оглед на годините, најверојатно следното лето ќе стави крај на кариерата.