Дома Фудбал Јувентус се доближи на шест бодаод првото место – дали е кандидат за Скудетото?

Јувентус се доближи на шест бодаод првото место – дали е кандидат за Скудетото?

Јувентус го искористи колото во кое Наполи и Интер ремизираа во меѓусебното дуело и во кое не победи ни Аталанта, па успеа да го фати чекорот со тимовите од врвот на табелата на Серија А.

„Стара дама“ синоќа ја совлада Верона со 2:0, па по одиграни 27 кола има 52 бодови, само шест помалку од лидерот Интер. Во однос на Наполи е на -5, а од Аталанта има само три бодови помалку.

Едноставно е неверојатно дека по сè видено во оваа сезона се зборува за тоа, но со оглед на фактот дека до крајот остануваат уште 11 кола, Јувентус е легитимен кандидат за Скудето врз база на состојбата на табелата.

Според начинот на кој игра, тоа сигурно не е, но тимот на Тијаго Мота врза пет лигашки победи, ги искористи слабите моменти на трите водечки екипи и сега им е многу блиску. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал заврши сè за 36 минути: Три гола за сигурна победа во Сантандер

Мбапе од пенал, Белингам и Диоманде погодија уште во првото полувреме за победа на Реал Ма…