Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе.
Зиркзе ова лето пристигна како големо засилување во Јунајтед, но разочара во досегашниот дел од сезоната, а и новиот тренер нема да смета сериозно на него. Поради тоа би можел да ја промени средината во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јувентус веќе почнал преговори со Манчестер Јунајтед и му понудил трампа на „црвените ѓаволи“ така што на Олд Трафорд ќе го испрати Даглас Луиз.
Даглас Луиз ова лето пристигна во Јувентус од Астон Вила за 50 милиони евра, но не се снајде најдобро во Серија А.
🚨 Juventus are considering a move to sign Joshua Zirkzee in January and could offer Douglas Luiz in exchange for the forward.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 29, 2024
(Source: Tutto Juve) pic.twitter.com/iBbqyErSC5