Дома Останати Кошарка Јокиќ за ситуацијата во која беше трагичар: Можев подобро…

Јокиќ за ситуацијата во која беше трагичар: Можев подобро…

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ зборуваше по натпреварот со Сан Антонио Спарс.

Нагетс беа поразени од тимот на Спарс со 113:110, во рамките на НБА лигата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Јокиќ постигна 41 поен со дури 18 скокови и девет асистенции, но на крајот беше трагичар. Причината беше лоша одлука во самата завршница..

Србинот можеше да испрати својот препознатлив удар, сепак се одлучи за додавање кое го пресече Девин Васел и потоа лесно изведе контра со која го постави конечниот резултат.

Јокиќ по натпреварот на конференција за медиуми се обиде да ја образложи својата одлука.

“Не влегов во контакт, секако дека можеше да го блокира тој удар. Не успеав да влезам во контакт, бидејќи користеше свои раце. Не можев да се внесам во него, бидејќи се плашев дека Чемпејн ќе ми ја извлече топката. Дефинитивно можев подобро да ја одработам таа ситуација, барем да упатам удар. Можеби тогаш ќе можевме да фатиме офанзивен скок. Имав два играчи на мене”, нагласи Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи…