Францускиот шампион ПСЖ се обидува да го направи најголемиот трансфер во европскиот фудбал во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните сакаат да го засилат нападот, а најголема желба им е ѕвездата на Наполи – Квича Кварацхелија.
Според француските медиуми, разговорите на фудбалерот со раководството на „светците“ за личните услови се одвиваат многу позитивно.
Грузиецот е многу важна алка во тимот на Антонио Конте, но откако Наполи не успеа да го убеди да потпише нов договор, клубот е спремен да ја прифати понудата од 80 милиони евра.
Наполи како негова замена сака да го доведе Федерико Киеза.