Дома Фудбал Јамал стана првиот фудбалер кој пости и ќе игра за шпанската репрезентација

Јамал стана првиот фудбалер кој пости и ќе игра за шпанската репрезентација

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, ќе стане првиот фудбалер во историјата на репрезентацијата на Шпанија кој ќе пости за време на месецот Рамазан и ќе игра натпревари во текот на овој период.

Муслиманите ширум светот од 1 до 29 март го одбележуваат месецот Рамазан постејќи од зора до зајдисонце, а оваа година 17-годишниот Јамал одлучи да пости, што е првпат репрезентацијата на Шпанија да се соочи со ваква ситуација.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Рамазан оваа година се совпаѓа со репрезентативната пауза во март, а Јамал ќе ги извршува репрезентативните обврски и активности, иако ќе пости цело време.

Суперталентираниот Јамал во разговор за DAZN објасни што прави во текот на овој месец.

“Верник сум и доволно сум здрав за да постам. Станувам во 5 часот наутро да се помолам и да испијам нешто со електролити, бидејќи тие му помагаат на телото да остане хидрирано за време на денот”, рече Јамал и додаде:

“Постот не влијае на мојот учинок. Клубот е целосно подготвен за тоа и ни обезбедува сѐ што ни е потребно за да сме на највисоко ниво”, додаде тој.

Медицинскиот тим на репрезентацијата на Шпанија ќе го следи Јамал посебно, чииот учинок не се намали за време на месецот пост бидејќи постигна два гола со една асистенција во четири одиграни натпревари од почетокот на Рамазан.

Да додадеме дека Јамал не е првиот муслиман кој ја облекол репрезентативната униформа на Шпанија, бидејќи пред него тоа го направија Адама Траоре и Ансу Фати, како и Мунир Ел Хадади, но во ниту еден случај натпреварите на репрезентацијата не се совпаѓаа со Рамазан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има план за трансфер на Родриго од Реал Мадрид

Родриго во Реал Мадрид покажува извонредна форма, но пристигнувањето на Мбапе ја заостри к…