Дома Фудбал Јамал ги слушнал критиките од Ван Дер Варат – по победата на Шпанија знаеше како да му одговори!

Јамал ги слушнал критиките од Ван Дер Варат – по победата на Шпанија знаеше како да му одговори!

Шпанија по голема драма и пенали ја победи Холандија, а доказ дека фудбалерите слушаат сè што се зборува за нив е Ламин Јамал.

Некогашниот одличен фудбалер, а денес многу остар ТВ аналитичар Рафаел ван дер Варт, пред натпреварот меѓу Шпанија и Холандија изнесе критика на сметка на фудбалерот на Барселона.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Познатиот Холанѓанец беше вознемирен што младата ѕвезда на Барселона игра со шорцевите спуштени повеќе од другите фудбалери и тоа го кажа јавно.

“Забележав некои работи кај Јамал и тие многу ме вознемируваат. Неговите шорцеви се прениски, тој не се труди многу на теренот и прави некои изрази на лицето кои се непотребни”, изјави пред натпреварот Ван дер Варт.

Фудбалерите ја слушаат секоја критика надвор од теренот. Доказ за тоа е и објавата на Јамал по завршувањето на натпреварот на социјалната мрежа Инстаграм.

Тој и Нико Вилијамс ја прославија победата со спуштени шорцеви, а младата ѕвезда на Барселона во описот на фотографијата на која е и Ван дер Варт напиша.

“Спуштени шорцеви, гол, промашен пенал и пласман во полуфинале. ХЕХЕХЕ! Напред Шпанија.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат фудбалер се сокри под креветот додека му ги киднапираа жената и детето

Сопругата и петгодишното дете на еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез беа киднапирани дод…