Дома Фудбал Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Манчестер Јунајтед стигна до голема победа во дербито со Тотенхем (3:1), иако тимот на Мурињо имаше предност на полувреме.

Двата тима одиграа фантастичен натпревар со многу возбудувања. Во 35-та минута Кавани постигна гол, но ВАР реагираше и беше поништен бидејќи Мектомини претходно направи гаул над Сон.

Само неколку минути подоцна Тотенхем поведе преку еден контранапад, а стрелец беше токму Сон.

Во второто полувреме видовме целосна доминација на Манчестер Јунајтед. Во 57-та минута Фред израмни на 1:1, а Кавани направи целосен пресврт во 79-та минута.

Тотенхем се обиде да израмни, ја погоди и пречката, а во последната минута Гринвуд ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…