Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо сега е на третото место во трансферните приоритети на Оле Гунер Солскјер, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер прво сака да го засили тимот во две други зони, а дури потоа ќе се насочи кон англискиот репрезентативец, кој минатото лето беше трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“.
Приоритет на Манчестер Јунајтед ќе биде централен дефанзивец и централен напаѓач, но не се посочувата конкретни имиња.
За засилување на крилната позиција Јунајтед ја следи ѕвездата на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш.
Гонсалвеш сезонава постигна 15 гола на 21 меч, а неговата цената е многу помала од таа на Санчо.