Дома Трансфер зона Јунајтед преговара со пет фудбалери! Кој ќе потпише, а кој ќе замине?

Јунајтед преговара со пет фудбалери! Кој ќе потпише, а кој ќе замине?

Од таборот на Манчестер Јунајтед се во интензивни преговори со неколку играчи околу продолжувањето на соработката, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најблиску до потпишување нов договор е Ешли Јанг. „Скај Спорт“ пренесува дека раководството му понудило едногодишен договор на универзалецот кој е спремен да го потпише.

Истиот медиум денес излезе со информација дека од клубот се во преговори со шпанскиот двоец, Хуан Мата и Андер Ерера. На двајцата им истекуваат договорите на крајот на сезоната, па раководството сака да ги задржи и веќе им понуди нови договори.

Иднината пак на двете големи ѕвезди, Де Геа и Марсијал на „Олд Трафорд“ е се уште неизвесна. Договорите на двајцата завршуваат на крајот на сезоната, но клубот има опција автматски да ги продолжи на уште една година.

Сепак, преговорите за нови договори се во тек, но доколку двајцата фудбалери не стават потпис до крајот на сезоната, тогаш „црвените ѓаволи“ на лето ќе бидат приморани да ги продадат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…