Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед после долги преговори конечно постигнаа договор за трансферот на Санчо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми откриваат дека двата клуба си пуштиле рака за трансфер тежок 80 милиони фунти, од кои 5 милиони ќе бидат во форма на бонуси.
Така Санчо ќе се пресели во Манчестер Јунајтед како трет најскап трансфер во историјата после Пол Погба и Хари Мегваер.
„Црвените ѓаволи“ веќе имаа договор со Англичанецот, кој ќе потпише договор на 5 години и ќе заработува 350.000 фунти неделно.
„Билд“ го потврди договорот помеѓу двата клуба и додава дека Борусија веќе постигнала договор за трансфер на Дониал Мален од ПСВ кој треба да биде замена за Санчо.