Дома Топ вести Јунајтед зеде кредит од 140 милиони, ќе го троши за трансфери

Јунајтед зеде кредит од 140 милиони, ќе го троши за трансфери

Раководстворо на Манчестер Јунајтед денес зеде кредит од 140 милиони фунти, откриваат англиските медиуми.

Објаснувањето од клубот е дека парите ќе бидат користени за справување со кризата предизвиката од пандемијата. Меѓутоа, медиумите тврдат дека најверојатно таа сума ќе биде искористена за летни засилувања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред една недела клубот, кој е еден од најбогатите во светот, објави дека за време на кризата долгото на Јунајтед пораснал за 42%. И покрај тоа клубот од „Олд Трафорд“ не се откажува од намерата да биде активен на трансфер пазарот.

Солскјер сака најмалку две големи засилувања ова лето, а најголеми желби се Џејдон Санчо и Џек Грилиш. „Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ги комплетираат двата трансфери и покрај кризата во сите клубови.

Поради лошите услови на трансфер пазарот Јунајтед не е сигурен дека ќе ја добие бараната сума за продажба на Погба, па голема е веројатноста Французинот да остане.

Поради тоа од клубот се решија летните трансфери да бидат финансирани преку кредитна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…