Дома Трансфер зона Јунајтед го „краде“ Алкантара пред носот на Ливерпул?

Јунајтед го „краде“ Алкантара пред носот на Ливерпул?

Од Баерн Минхен потврдија дека Тиаго Алкантара ќе го напушти клубот, а неговата следна дестинација готово сигурно ќе биде Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време се пишува дека Шпанецот има договор со Ливерпул и од следната сезона ќе игра на „Енфилд“.

Меѓутоа, „црвените“ се уште не оствариле контакт со Баерн Минхен и сметаат дека бараната сума од 30 милиони евра е голема за играч кој ќе биде слободен агент за 10 месеци.

Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и да го „украде“ Алкантара пред носот на големиот ривал.

„Црвените ѓаволи“ се спремни веднаш да ги платат бараните 30 милиони евра, па сега ќе се обидат да го убедат Алкантара да се пресели на „Олд Трафорд“.

Алкантара предност сепак му дава на Ливерпул и побарал една недела за да донесе конечна одлука, бидејќи понудата на Јунајтед е финансиски одлична.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…