Дома Фудбал Јунајтед го „блиндира“ Фернандеш со двојно повисока плата

Јунајтед го „блиндира“ Фернандеш со двојно повисока плата

Mанчестер Јунајтед е спремен да му понуди нов договор на Бруно Фернандеш со кој ќе добива двојно поголема плата.

Фернандеш е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, а неговата плата е на ранг на резервниот голман Хендерсон.

Одличниот играч за врска моментално заработува 110.000 финти неделно, а со новиот договор Јунајтед му нуди двојно повеќе.

Актуелниот договор на Фернандеш истекува во 2024 година, но Јунајтед не сака да чека и ќе му понуди договор до 2025 година.

Фернандеш на фантастичен начин со хет-трик ја почна сезоната и покажа дека е еден од најважните играчи во тимот на Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…