Дома Фудбал Јунајтед без Погба против Саутемптон

Јунајтед без Погба против Саутемптон

Играчот за врска, Пол Погба ќе го пропушти и неделниот натпревар на Јунајтед против Саутемптон, откри тренерот Оле Гунер Солскјер.

Солскјер на пресконференцијата откри дека Погба се уште не се рехабилитирал од повредата на глуждот.

„Мектомини и Погба не тренираа денес и најверојатно нема да бидат на располагање. Повредата на Погба е различна и од таа која ја имаше минатата сезона. Рашфорд, Линделоф и Бисака би терабло да се добро, но сигурно не 100%“, изјави Солскјер, кој даде и свој коментар за Марадона.

„За мене Диего секогаш ќе биде најдобриот играч кој сум го видел. Човек со неверојатен талент и вечна насмевка. За мене тој секогаш ќе биде најдобриот“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …