Дома Трансфер зона Јуве се договори со Баерн: Во Торино пристигнува големо засилување!

Јуве се договори со Баерн: Во Торино пристигнува големо засилување!

Голeмите фудбалски гиганти, Јувентус и Баерн договорија уште еден голем трансфер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што тврдат италијанските медиуми, Јувентус во своите редови сака да го види младиот Португалец, Ренато Санчез и наводно контактирале со Баерн за потенцијален трансфер.

Санчез минатото лето пристигна од Бенфика за 35 милиони евра, но во Минхен не се наигра. Настапи само на 25 натрпевари оваа сезона и не успеа да се наметне во играта на Карло Анчелоти.

Младиот Португалец е подготвен да си замине од Минхен. Тој сака да игра стандардно, а тоа во Баерн никако не му успева. Најголем интерес покажува Јувентус. Од Торино сакаат да го видат Санчез во нивните редови и подготвени се да платат 30 милиони евра за неговите услуги.

Многу е веројатно да дојде до тој трансфер ова лето. Јуве и Баерн имаат одлични односи претходните сезони и направија неколку интересни трансфери.

Следен би можел да биде токму Санчез, а покрај „Старата дама“, интерес за 19-годишниот играч покажува и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…