Дома Трансфер зона Јувентус ќе се засилува од Балканот: На мета фудбалери на Звезда и Будуќност?!

Јувентус ќе се засилува од Балканот: На мета фудбалери на Звезда и Будуќност?!

Екипата на Јувентус во јануари сака да го подмлади тимот, а на мета има неколку фудбалери за ово јпреоден рок.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, италијанскиот гигант би можел да се засили со еден српски и еден црногорски фудбалер. На мета на Јувентус е Јован Мијатовиќ, 18-годишен фудбалер на Црвена Звезда.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Скаутите кои го следеле Мијатовиќ испратиле големи пофалви во Торино, а напаѓачот за српскиот тим досега собра 31 настап и постигна шест голови, одигра и 80-тина минути во Лигата на шампионите.

Втора балканска желба на Јувентус бил Василије Аџиќ, 17-годишен фудбалер на Будуќност.

„Го споредуваат со Де Брујн, а Јувентус преку своите скаути го следеше во живо. Во Торино многу се задоволни од тоа што го виделе, меѓутоа конкуренцијата за него е голема“, пишува „Газета“.

Аџиќ за првиот тим на Будуќност иако има само 17 години веќе одигра повеќе од 40 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Алегри: Јувентус без двајца важни фудбалери во дербито со Наполи

Викендов екипата на Јувентус славеше против Фросиноне, меѓутоа „старата дама“ се соочи и с…