Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариерата во италијанска Серија А, пренесуваат тамошните медиуми.
32-годишниот Аргентинец на крајот на сезоната ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со Манчестер Сити.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанските медиуми пренесуваат дека Агуеро веќе добил официјална понуда од италијански гигант Јувентус и тоа за две сезони.
Агуеро преферира преселба во Барселона, која исто така е заинтересирана за напаѓачот, но најдобрата понуда до сега наводно ја испратил Јувентус, кој на Агуеро му нуди 10 милиони евра по сезона.