Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.




Бенфика минатата година за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, а неговата цена драстично порасна во моментов.




Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за напаѓачот покажува Јувентус и „бјанконерите“ веќе имале контакт со неговиот агент.




Алегри сака да го засили нападаот, особено поради фактот што не е задоволен од Мората и верува дека Нуњес ќе биде идеално решение.