Дома Топ вести Јувентус спреми понуда која не се одбива за Погба

Јувентус спреми понуда која не се одбива за Погба

Италијанскиот гигант Јувентус не се откажува од намерата да го врати Пол Погба во своите редови и спремил одлична понуда за Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.

Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед ја спуштил цената на Погба на 100 милиони евра и дека Јувентус спремил понуда која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја прифатат.

Имено, „бјанконерите“ за потписот на Погба нудат 50 милиони евра плус Мирален Пјаниќ или Арон Рамзи. Солскјер е голем симпатизен на играта на Велшанецот и Босанецот, па е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Одегард може во Серија А?

Мартин Одегард во Реал Мадрид пристигна пред пет години од норвешкиот Стромгест како голем…