Дома Трансфер зона Јувентус сака да потпише со Депај уште овој месец

Јувентус сака да потпише со Депај уште овој месец

Денес се затвора зимскиот преоден рок, а Јувентус веќе работи на летните засилувања. Италијанските медиуми тврдат дека главна цел ќе биде Мемфис Депај.

Депај влезе во последната година од договорот и сигурно на лето ќе го напушти Лион како слободен агент.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а „бјанконерите“ сакаат што поскоро да постигнат договор со Холанѓанецот и уште сега да потпишат преддоговор.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Депај силен интерес покажуваат уште Барселона и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…