Тимот на Јувентус е заинтересиран за доведување на аргентинскиот играч за врска Родриго Де Паул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.
„Спортмедијасет“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус Фабио Партичи започнал со работа на овој трансфер и Аргентинецот би можел веќе во јануари да заврши во Торино.
Цената на Де Паул на пазарот е околу 30 милиони евра. Удинезе сигурно ќе се обиде да добие и нешто повеќе, а ќе видиме колку ќе биде спремен Јувентус да плати.
Пред Удинезе Де Паул играше уште за Валенсија и Расинг, сезонава на 13 натпревари постигна три гола и запиша две асистенции.