Дома Трансфер зона Јувентус сака да го „украде“ талентот на Милан

Јувентус сака да го „украде“ талентот на Милан

Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтересиран за младиот талент на Милан, Мануел Локатели, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот играч за врска на „росонерите“ блесна минатата сезона, дури и со својот гол го реши дербито со Јувентус, но оваа сезона добива мала минутажа.

Несомнено дека станува збор за еден од најголемите таленити на Апенините, па „бјанконерите“ сакаат да ја искористат лошата ситуација во Милан и да го донесат во Торино.

Милан и Јувентус имаат добри односи, како што покажуваат трансферите на Лео Бонучи и Матија де Шиљо ова лето, па „старата дама“ веќе спремила понуда за Локатели.

Сепак, „росонерите“ тешко дека ќе се согласат да се разделат со младиот фудбалер за кого сметаат дека е иднина на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…