Дома Трансфер зона Јувентус преговара со бившиот играч на Милан

Јувентус преговара со бившиот играч на Милан

Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и неговата цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

За него интерес покажуваат неколку италијански клубови, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

„Старата дама“ спрема голема реконструкција и подмладување на средниот ред, па смета дека 22-годишниот Локатели би бил идеално засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Претседателот на клубот потврди: Меси одбил понуда вредна 1.4 милијарди евра

Од таборот на Ал Хилал откриваат дека му понудиле неверојатни 1,4 милијарди евра на Лео Ме…