Дома Топ вести Јувентус прави реконструкција, две ѕвезди на чекор од Торино

Јувентус прави реконструкција, две ѕвезди на чекор од Торино

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус ќе прави голема реконструкција по завршувањето на сезоната.

Пирло сигурно заминува, а се поизвесно е дека нов тренер на „старата дама“ следната сезона ќе биде Макс Алегри.

Најголеми промени ќе претрпи средниот ред и ведникот тврди дека „старата дама“ ги ставила на продажба Арон Рамзи и Адриен Рабио.

Двајцата пристигнаа како слободни агенти, па Јувентус ќе има чиста заработка од нивните трансфери, а клубот очекува да инкасира повеќе од 50 милиони евра.

„Бјанконерите“ веќе нашле замени и започнале преговори со Мануел Локатели од Сасуоло и Хусем Оуар од Лион.

Локатели веќе подолго време е мета на Јувентус и се очекува неговиот трансфер набрзо да биде официјализиран.

Што се однесува до Оуар, Лион веќе му постави цена и е спремен да го пушти за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…