Дома Фудбал Италија Јувентус посвети објава на Погба, навивачите веднаш реагираа

Јувентус посвети објава на Погба, навивачите веднаш реагираа

0

Јувентус денес покажа дека не го заборавил еден од своите поранешни најдобри фудбалери на овој тим.

Одличниот француски фудбалер Пол Погба денес го слави 26-тиот роденден, а „старата дама“ преку друштвените мрежи му испрати честитка.

Секако тоа веднаш предизвика лавина коментари кај навивачите на Јувентус кои очигледно сакаат Погба да се врати и да го облече црно-белиот дрес.

„Врати се во Торино“, „Врати се Погба“, „Вратете го“…Се само некои од коментарите на навивачите на „старата дама“.


Следете го Sportski.mk и на


Додека Жозе Мурињо беше во клубот Пол Погба често пати се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, а Јувентус со кој секогаш остана во добри односи беше потенцијалната дестинација. Меѓутоа откако Солскјер пристигна во Манчестер „дуваат“ поинакви ветрови и Погба е вистински лидер на тимот кој игра одлично.

Инаку дел од Јувентус беше од 2012 до 2016 година, а пристигна како слободен играч од Манчестер Јунајтед. Во тоа време Манчестер направи се за да го задржи но не успеа, сепак во 2016 година скапо го платија, но успеаа да го вратат на „Олд Трафорд“.

Освен за Манчестер Јунајтед Погба беше дел од клубови како Ле Хавре, Торси, Росие ен Брие, но првиот настап во професионалниот фудбал го забележа на Островот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…