Дома Трансфер зона Јувентус и ПСЖ размислуваат за трампа!?

Јувентус и ПСЖ размислуваат за трампа!?

0

Изгледа дека од овој трансфер сите би биле задоволни.

ПСЖ и Јувентус би можеле да направат трампа. Имено, позанто е дека Парижаните го сакаат Пјаниќ и тоа веќе долго време, Босанецот би можел да се пресели во Париз, играше за Мец и Лион во Франција и секако би имал поголема плата од сегашните 6 милиони евра по сезона, колку што зема во Јувентус.

Јуве се согласува на замена, имено во спротивна насока бараат да пристигне Маркињос кој во Италија своевремено играше во дресот на Рома. Според информациите на „Gazzeta dello Sport“, Бразилецот нема ништо против, но последниот збор го има Томас Тухел.

Маркињос за четири години е помлад од Пјаниќ, но има и една година помалку во договорот. Јувентус би доплатил мала сума за одличниот стопер со што веројатно би го решил најтешкото прашање ова лето. Де Лихт е невозможна мисија, Јуве веќе го купи Ромеро од Џенова, Демирела од Сасуоло, но проблем е што клубот смета дека тие се уште не се подготвени за најголемата сцена.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Медиумите откриваат детали од договорот на Рабио со Јувентус!

Во Шпанија се сигурни, по Арон Ремзи Јувентус договори уште едно засилување без надомест. …