Дома Топ вести Јувентус договори големо засилување

Јувентус договори големо засилување

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Јувентус ќе биде засилување на средниот ред, а Копмајнерс е на врвот на листата желби.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Агентот на Копмајнерс веќе постигнал договор со „старата дама“ и играчот ги одбил другите понуди бидејќи сака да се пресели во Торино.

Аталанта за неговата слобода бара најмалку 60 милиони евра, а Јувентус наскоро ќе испрати прва понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…