Италијанскиот гигант Јувентус сериозно размислува за раскин на договорот со Пол Погба, пренесуваат медиумите на Апенините.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба минатото лето пристигна во Јувентус како големо засилување, тој е еден од најплатените фудбалери во тимот, но до сега нема одиграно ниту една минута.
Уште на припремите Погба го повреди коленото и првично одби операција и се одлучи за конзервативна терапија. Тоа не вроди со плод, па потоа беше опериран.
Неодамна Погба повторно се повреди, па се уште нема направено деби оваа сезона, а не се знае точно кога ќе се врати на терените.
Јувентус има големи проблеми и сака да се ослободи од Погба, па ќе го стави на трансфер листа. Доколку не пристигнат понуди за Французинот, тогаш „бјанконерите“ се спремни да го раскинат договорот.